ВМРО-ДПМНЕ: Петров нема никаква програма која би им ја понудил на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Андреј Петров, потенцира дека тој нуди неосновани проекти без никаква финансиска конструкција и продолжува да се расфрла со ветувања без разлика дали општината тоа може да го издржи финансиски или не.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Петров да се произнесе пред јавноста колку би чинеле сите тие ветувања, бидејќи граѓаните имаат право да го знаат тоа.

– Петров нема никаква програма која би им ја понудил на граѓаните. Знаејќи дека ќе ги изгуби изборите Петров ветува се и сешто на граѓаните. Петров заедно со СДСМ беше против обновување на фасадите посебно на оние кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше, денес тој им ветува на граѓаните на општина Карпош реконструкција на фасадата на зградата на Порта Влае без притоа да каже колку би чинела, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ и се посочува дека тоа е многу несериозно за еден политичар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија