ВМРО-ДПМНЕ: Петров ја потврди безидејноста и недостигот на свеж потенцијал на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Андреј Петров од СДСМ посочува дека тој ги повторил вчерашната прес конференција на Бранко Црвенковски и говорот на Јани Макрадули одржан во Собранието на Република Македонија.

„Тоа само ја потврдува нивната безидејност, недостиг на свеж потенцијал и сериозност за важните прашања и теми. Во континуитет ВМРО-ДПМНЕ јасно и прецизно, без никаква калкулација, ги посочи своите ставови во врска со сите акуелни прашања“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на тврдењата на Андреј Петров за работата на собраниските комисии, од владејачката партија потенцираат дека претседател на Комисијата за труд и социјална политика е Цветанка Иванова од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ нема надлежност и нема можност да влијае врз начинот на работа и раководењето на комисијата. Апелираат до СДСМ и до останатите политички партии од опозицијата во пресрет на извештајот за Македонија од Европската унија, кој очекуваат да биде позитивен и со реална слика за напредокот на државата, заеднички да се сконцентрираат на приоритетите на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ