ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски не можеше да го тргнеш од екраните, сега откако пукна скандалот за соработката со мешетарот Еисин го снема и се крие

Од:

Пендаровски се крие со денови од медиумите и јавноста. Како да испари, а само до пред еден месец човек не можеше да го тргне од екрани и интервјуа. Мисли дека ако бега од одговорите ќе се спаси од скандалот за соработката со мешетарот Асаф Еисин, кој само пред неколку дена самиот го призна. Имено Пендаровски прво негираше, ама после кажа дека остварувал контакти со израелскиот консултант кој првенствено е задолжен за негативна кампања. Пендаровски после тоа невешто сакаше да прикаже дека овој консултант е ангажиран од СДС, но со тоа уште повеќе го зголеми скандалот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ангажманот на овој матен, но скап лик, не фигурира никаде, односно не го пријавил ни Пендаровски, ни СДС. А дека соработуваат со него може да се претпостави по негативната кампања на која ја базираат својата реторика, затоа што и друго немаат што да кажат. Е сега, ако не го пријавуваат неговото работење, тогаш тоа значи дека го плаќаат скапо со црни пари.

Постојат индиции дека овие црни пари се всушност парите испумпани од криминални тендери во РЕК Битола? Сето ова Пендаровски, Ковачевски и СДС не го демантираат, што значи дека сето ова е точно. Да го потсетиме Пендаровски, но и Ковачевски и СДС дека ваков противзаконски ангажман во кампања ќе биде испитан и санкциониран. Дојдено е времето на одговорност. Заедничката борба е Македонија да биде повторно твоја. Промените се во твои раце – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти