А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Оставка на министерката Царовска и директорката на „25 мај“ е нешто што најмалку може да сторат

by А1он16/02/2018 - 16:59135
Share0

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува случајот на сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”.

Добивај вести на вибер

– Јавната установа и вработените во неа наместо да се грижат за малолетниците кои се под заштита на установата дозволила да се случи еден ваков грозоморен настан на малолетно девојче. Одговорност и транспарентност во однос на овој случај мора да има со цел да се спречи во иднина повторување на вакви или слични немили настани. Министерството за труди и социјална политика и министерката Царовска мораат да превземат одговорност за случајот бидејќи оваа Јавна установа е под нивна надлежност. На јавноста најпрво мора да и биде соопштено кои се лица во структурите на установата и министерството дале дозвола децата заедно со злоставуваното девојче да бидат однесени на така наречен „детски летен камп” каде девојчето било секслуално злоставувано, рече Андоновска.

Таа додаде дека штитеничката го пријавила злоставувањето кај згрижувачите, но никој не ѝ поверувал, а откако се констатирало дека 13-годишно девојче е бремено и за тоа разбра јавноста, се прави слика дека се работи на разрешување на случајот.

– Најстрашно е што не се знае дали е овој единствен случај кој поминал незабележан од надлежните институции и дали доколку девојчето не забременило за овој грозморен настан никогаш немало да се дознае. Според Законот за социјална заштита, МТСП врши надзор над спроведување на законот и врши инспекциски надзор над установите за социјална заштита одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Оставка на Министерката и директорката во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” е нешто најмалку што може да сторат во овој момент, рече Андоновска.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

Горан Наумовски25/12/2025 - 13:13

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:08

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски22/12/2025 - 10:3722/12/2025 - 11:45

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:03

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски19/12/2025 - 10:0719/12/2025 - 15:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен