ВМРО-ДПМНЕ: Општиот грабеж кој СДСМ го спроведува повеќе наликува на Дивиот Запад, него ли на западот кон кој се стремат

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Павле Богоевски.

„СДСМ тоне во своите лаги и се обидува заедно во бездната да ги повлече и граѓаните на Република Македонија. Тоа што Заев со договорот од Преспа му го нуди на македонскиот народ е капитуалција од невидени размери. Без свое минато и историја македонскиот народ нема ниту иднина, а токму на ова Димитров се согласи кога го стави својот потпис во Преспа.

Павле Богоевски ја лаже и манипулира целата македонска јавност. Во договорот јасно стои дека македонскиот јазик ќе биде единствениот јазик кој во Обединетите Нации ќе биде запишан со фуснота, за разлика од тоа како е запишан во моментов. Македонското државјанство ќе биде заменето со граѓани на Република Северна Македонија. Се менуваат и меѓународните кодови и кратенки. Оние останати државни симболи за кои тој говори дека ќе останат непроменети се оние кои СДСМ во минатото веќе ги промени.

И додека устите им се полни со ЕУ и НАТО и европските вредности, во реалност прават се спротивно на вредностите за кои наводно се залагаат. Користење на службено возило за патување на годишен одмор не преставува европска вредност. Шетање по кафеани на високи претставници на министерството за одбрана со армиски хеликоптери не е одлика на земја кандидат за членка на НАТО. Општиот грабеж кој СДСМ го спроведува повеќе наликува на слика од Дивиот Запад него ли на Западот кон кој сите граѓани на Република Македонија се стремат. Свитканата кичма на Заев нема да компензира за неговата клептоманија. Ова што СДСМ и го прави на Македонија не води никаде, а најмалку кон Европа“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?