А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Опседнатоста на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им помогне на граѓаните

by А1он17/06/2017 - 22:12227
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ што беше реакција на говорот на Никола Груевски.

Добивај вести на вибер

„Опседнатоста на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им донесе никаква полза на граѓаните.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да им помогне на Ибраимовски, Шапуриќ и Марко да донесат нови инвестиции, како тоа што го правеше тимот на ВМРО-ДПМНЕ кој донесе стотици инвеститори.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да помогне да падне невработеноста, како во време на ВМРО-ДПМНЕ кога таа од речиси 39% падна на 22.9%.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да отвори нови работни места, како што ВМРО-ДПМНЕ успеа да отвори околу 170.000 нови работни места.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да донесе подобрување на инфраструктурата, како што ВМРО-ДПМНЕ успеа да отпочне и приведе кон крај градба на три автопати и десетици делници, регионални и локални патишта.

Оваа опседнатост на СДС со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски нема да донесе ниту нови болници, ниту нови училишта, ниту нови градинки, ниту нови водоводи.

Оваа опседнатост на СДС само може да доведе таа да стане патолошка.

Граѓаните очекуваат СДС да се ослободат од гневот и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и да почнат одговорно да работат за да го реализираат тоа што го ветуваат. Народот од СДС очекува минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плати за доктори од 100.000 денари, 13 плата во секое семејство, вработување на секој завршен студент, изградба на 500 километри нови автопати и слично.

Граѓаните не очекуваат СДС да го троши времето на укинувања, рушења и поништувања. Граѓаните најмалку од се очекуваат СДС да се вади и да бара алиби за својата неспособност, неодговорност и безидејност во неиздржани обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Горан Наумовски07/02/2026 - 09:22

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен