ВМРО-ДПМНЕ: Охридскиот градоначалник ќе се памети по небулозите и штетното работење

Од:

Во осумгодишното владеење градоначалникот на општина Охрид не може да се запамети по ниту еден капитален објект изграден за Охриѓани, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот портпарол Александар Бичиклиски на денешната прес-конференција посочи дека граѓаните на Охрид ќе го паметат градоначалникот Александар Петрески по штетното и недомаќинско работење, блокираните општински сметки, небулозните идеи како што е наплата на такса за луѓето кои не се од Охрид.

„Осум години граѓаните ги замајува со административни процедури и празни ветувања дека се работи и се во постапка ветените проекти. Но, на терен ништо од ова не е реализирано“, рече Бичиклиски.

Тој потсети на ветувањата на Петрески за изградба на нов пазар и нова автобуска станица, за решавање на сообраќајниот хаос со изградба на катни гаражи, пензионерски дом, аква парк, голф терени, како и жичарница на Галичица, но оти ништо не е реализирано.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ