ВМРО-ДПМНЕ: Охрид е згрозен од неодговорноста на Петрески

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид тврди дека веќе неколку дена градот е згрозен од најголемиот чин на неодговорност што му се случил во осум годишното негово пропаѓање во мандатот на градоначалникот Александар Петрески.

„Додека речиси сите општини во Република Македонија, одговорија на програмата на Владата за вработување на невработени лица по општините во државата, Општина Охрид од тотално нелогични причини не поднесе Апликација за вработување на лица кои би извршувале јавни работи во Општината. Овој крајно неодговорен чин на Градоначалникот на Охрид и на неговиот неспособен тим, ја затвори можноста во прво време 40 а потоа уште 40 семејства во Охрид, да добијат приходи во одреден период“, рече Никола Митровиќ, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Според партијата на власт, неразбирливо е отсуството на основен елемент на грижа за сограѓаните од страна на Петрески, на кои во услови на глобална економска криза и неповолни економски текови Владата на Република Македонија, им овозможува ивор на приходи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ