ВМРО-ДПМНЕ: Одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиевски, судот направи преседан

Од:

„Денес судот направи преседан одржувајќи рочиште без присуство на Миле Јанакиевски и неговата одбрана. Преседанот да биде поголем, Миле Јанакиески ниту бил информиран, ниту бил уредно повикан на денешното рочиште што е спротивно на законските одредби.

Со таквиот чин директно му беше оневозможено да се произнесе за случајот и грубо му беше повредено правото на одбрана загарантирано за секој граѓанин на Република Македонија.

Со ова се суспендира и законот и Уставот на Република Македонија и уште еднаш се покажува дека наместо правен, се води политички процес.

Принципот за еднаквост е основен елемент на правото на правично судење во смисла на чл.6 од Европската конвенција за човекови права. На секоја странка во постапката мора да и биде дадена можност да го презентира својот предмет, под услови што не го ставаат во понеповолна положба во однос на неговиот противник.

Во основните права на обвинетиот е регулирано дека обвинетиот мора да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да му бидат доставени доказите против него и оние во негова корист. Во основните права на обвинетиот е регулирано дека истиот мора да има можност да се произнесе за фактите и доказите кои го товарат како и за оние кои му одат во прилог. Одбраната не смее да биде лишена од можноста да изнесе аргументи под истите услови како и обвинителството.

Дека се работи за политички процес укажува и фактот што Миле Јанакиевски секој петок се пријавува во судот и тогаш Апелациониот суд можел уредно да му достави покана, а редовно присуствува на сите рочишта како на Основниот суд така и на Апелациониот суд што јасно покажува не го попречува судот во своите активности.

Судскиот совет мора да го преиспита ваквото постапување на апелација за да се стави крај на ваквите правни преседани. Денешната јавна расправа мора да се повтори за да се отстранат сите небулози на СЈО дека Јанакиески или кој било друг функционер нема право на приватност и може незаконски да биде прислушуван и тој и неговото семејство, а потоа тие монтирани разговори да се употребуваат за се и сешто.

Сосема е јасно дека се прават политички спектакли и се суспендира правото, како дел од политичкиот процес против ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ