ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за пукањето на струмичката полиција мора да има и ќе има

Од:

„Одговорност за пукањето на струмичката полиција мора да има и ќе има.

Оливер Спасовски залудно бега и се крие зад бледите партиски соопштенија.

Струмичката полиција пукаше во две млади момчиња кои не беа вооружени.

Јавноста чека одговор од Оливер Спасовски и неговиот началник на струмичката полиција кој без никакво работно искуство беше поставен таму.

Време е Оливер Спасовски и Танчо Пројковски да си поднесат оставки, бидејќи одговорност треба да има и ќе има.

Сето што се случува во државата е резултат на хаосот и бруталноста која ја спроведува раководството на СДС.

Во рок од 2 месеци поделија 500 решенија, деградираа професионалци, и незаконски унапредуваат партиски војници.

На незаконското работење на Спасовски мора да му се стави крај пред да се предизвикаат посериозни последици“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?