ВМРО-ДПМНЕ од Струга бара помош од државата против Рамиз Мерко

Од:

Струшкото ВМРО-ДПМНЕ бараат помош од државата за да „ги реши проблемите во Струга и да се справи со градоначалникот Рамиз Мерко, кој останува упорно на својот став за промена имињата на струшките улици со имиња на познати албански личности од минатото“.

Тие уверуваат дека тоа нема да му го дозволат на градоначалникот Рамиз Мерко.Од таму ја повикаа локалната самоуправа во Струга и градоначалникот Мерко да не ги загрозуваат меѓуетничките односи во општината и наместо тоа да се зафатат со асфалтирање на улиците во градот, како и решавање на останатите инфраструктурни проблеми

„Ние оставаме институциите на државата да ги решаваат тие проблеми. Ние го користиме се она што е во наша моќ и сакаме законски да го доведеме ова прашање во ред, бидејќи Бадентер е потребен за промена на улици, имиња на улици, плоштади, објекти, така да ќе го искористиме и тоа право.Гарантирам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Струга ќе го искористат тоа право .“ рече Перо Петкоски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Струга.

Од ВМРО ДПМНЕ- Струга реагираат и на поставувањето на таблата на влезот од селото Шум, на која на албански јазик пишува „Добредојдовте во Шум“.

„Таа табла е незаконски поставена и треба под итно да биде отстранета. Со самото тоа дека и самиот градоначалник го оправда овој чин, тој уште еднаш покажа дека тој не е градоначалник на сите граѓани на општина Струга туку само на одреден етникум.“, вели Попоски.

Рамиз Мерко неоданна рече дека не отстапува од ставот за итна промена на имињата на струшките улици. Мерко вели дека е време ЈНА, Маркс Енгелс, Пролетерски бригади да бидат заменети со имиња на албански личности што ќе ја одразувало реалноста во Струга и бројноста на албанската заедница во општината.

„Ќе продолжиме да разговараме за тоа прашање, без разлика дали на некој тоа му одговара или не.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга