ВМРО-ДПМНЕ: Од Мала Речица му суфлирале на Ковачевски да не бранува за М-НАВ

Од:

Лицемерието на Европскиот фронт и зелената агенда на оваа власт се гледаат најдобро во М-НАВ. Функционерите на СДС и ДУИ за дебели плати од по неколку илјади евра вработиле роднини, сестри, снаи, синови, чичковци, братучеди, внуци во македонската навигација. Ова е лицето на коалицијата на бандитизмот. Ковачевски вели дека не бил портпарол на неговите министри, кои ја наполниле М-НАВ со непотистички вработувања, а вистината е дека Али Ахмети му суфлирал да не бранува многу, затоа што во спротивно нема да го земе на заеднички листи или нема да му даде поддршка за заеднички кандидат за претседател, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пораката што му ја упатуваат од Мала Речица е да не зборува ништо ниту за вдомувањето на фамилиите на министрите од ДУИ, а уште помалку за тепањето во контролната кула од страна на екипата тесно врзана со ДУИ со што беше доведен во опасност воздушниот сообраќај над Македонија. Единствено што му дозволуваат на Ковачевски е да пушти низ вода некој од своите министри (читај Николовски) како курбан за коалицискиот мир. Сега за да се отплеткаат од скандалот во кој се најдоа, ќе се обвинуваат, ќе дефокусираат, ќе се препелкаат и што ли уште не. Но веќе се му е јасно на народот, никогаш не било полошо, и овој бандитизам важно е да го поразиме“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ