ВМРО-ДПМНЕ: Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, кога одговараат на прес упатен до Јавното обвинителство

Од:

„СДСМ може да лаже, но не може да ја излаже јавноста.

Селективноста на правдата кога се работи за функционерите на СДСМ се гледа на секој чекор. Почнувајќи од случаите за корупција за кои е осомничен Зоран Заев, па се до набавката на возила во МВР.
Очигледно дека СДСМ си ја има мувата на капата, па на пресот упатен до Јавното обвинителство, тие се најдоа повикани да одговорат.

Кога веќе трошеле зборови во празни и безлични соопштенија требало да одговорат до каде е истрагата со двајцата владини функционери фатени во корупција, обзнането лично од Зоран Заев пред 5 месеци?
Од каде кај соработникот на Оливер Спасовски информации за посебните истражни мерки? Кој му ги дал?

Дали и кога ќе се покрене обвинение за скандалозната набавка на возила во МВР каде без тендер се доделиле милион евра на фирма од Куманово која е партиски донатор на СДСМ, за што впрочем пишуваа медиумите?

Ова се очигледни скандали за кои СДСМ молчи, а институциите кои тие ги претворија во партиска маша се прават дека не ги гледаат.

Криминалот и корупцијата стануваат заштитен знак на оваа власт. Тоа го гледаат и граѓаните, но тоа го нотираат и на листата на Транспаренси Интернешнл. Ова се дела кои не застаруваат и за кои многу скоро некој ќе сноси одговорност, како политичка, така и кривична“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал