ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството ја потврди лажната вест на власта за монтираниот случај „Делчевски ниви“

Од:

Уште една лага од СДС и ДУИ, падна во вода, која беше секојдневно лиферувана, по владините медиуми, во врска со таканаречените „Делчевски ниви“. Нивните лаги ги потврди дури и нивното обвинителство, кој тие го контролираат, во недостиг на ни еден доказ, со кој се потврдува лажното обвинение, кое беше конструирано од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По анализа на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказот на осомничените, како и сите обезбедени материјали, во текот на истражната постапка, се констатира дека од конкретната истражна постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не превзеле дејствија, кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела“. По ова сега, докажано како измислено обвинение, без докази, очекуваме по истото да се произнесе власта и во најмала рака да се извини пред народот, за лажните обвинувања“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ