ВМРО-ДПМНЕ: Новинарите мора да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои влијаат врз нивната работа

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува несоодветното однесување на МНР и обидот за замолкнување на медиумите професионално да си ја вршат својата новинарска работа. Упатените закани за одземање на акредитација се несфатливи и недозволиви за една државна институција.

Денешното извинување не е доволно. Одговорност мора да има, а ваквите постапки соодветно да се санкционираат за да не се повторуваат во иднина.

Поради бруталната партизација со непрофесионални кадри на најгруб начин ги има прекршено сите морални и етички норми.

Новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа.

Темите кои се од прашање од интерес на јавноста не смеат да бидат вака грубо замолчувани од страна на власта.

Апелираме во иднина новинарите непречено да си ја извршуваат својата работа а институциите да се стават во заштита на слободата на изразувањето“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?