А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски откако стана министер единствено што стори е креирање на хаос во земјоделието

by А1он15/08/2017 - 09:0485
Share0

„Владата на Заев и министерот Николовски се најголемата елементарна непогода за Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Никаде, баш никаде ги немаше додека огнени стихии изгореа половина држава. Еден од најодговорните, министерот за земјоделие и шумарство дознал преку интернет дека дождовите ги изгаснаа пожарите и конечно реши да се појави во јавност. Трагедијата е во тоа што излезе, но исто како да не се појави. Не кажа колку подметнувачи на пожари се откриени и санкционирани. Не кажа колку пожари се изгаснати и колку шуми се спасени. Не кажа ни колкаво обештетување ќе добијат граѓаните кои не успеаја сами да се заштитат. Кажа дека допрва ќе преброел колку кубни метри дрва изгореле. Кажа и остана жив.

Откако дождовите ги изгасија пламените јазици, Николовски конечно реши да се врати од песочните морски плажи.

Додека Николовски уживаше на одмор и ги трошеше народните пари, половина Македонија изгоре. Додека Николовски се двоумеше со која крема и кој заштитен фактор да се намачка за да не изгори на сонцето, македонските граѓани сами се бореа со огнените стихии за да не изгорат нивните имоти.

Николовски откако стана министер единствено што стори е креирање на хаос во земјоделието.

Поради ваквото несовесно работење, неспособност да се справат со предизвиците и да ги решат проблемите на граѓаните, на 15-ти октомври СДС ќе се соочи со политичка одговорност и ќе биде делигитимиран од народот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен