ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува во реформи кои треба да ги спроведе човек обвинет за земање поткуп

Од:

„Планот 3-6-9 колабираше. Планот 3-6-9 СДСМ го претвори во План за живот, односно куп лаги и ветувања без реализација.

Реформи во судството има колку што има плата од 100.000 денари за докторите или просечна плата од 30.000 денари.

Реформи во безбедносните служби има колку што има покачување на пензиите или намалување на бројот на министерства.

Реформи во администрацијата има колку што има нови 500 километри автопат.

Реформи во судството има колку што Заев не дозволи неуставна двојазичност на униформите или колку што успеа да врати 600.000 иселени од Македонија.

Сите овие неуспеси, СДСМ ги покрива со злоупотреба на правосудниот систем кој се користи за создавање неправда, а притворот за заплашување и уцени.

Рекетарските принципи на владеење на Заев и СДСМ, ги ставија судовите во подредена и понизна положба во однос на тесно партиските интереси.

Никој не верува во реформи кои треба да ги спроведе човек обвинет за земање поткуп.

Македонија е земја во која се изрекуваат затворски казни на сопственици на медиуми не за изнесени невистини, туку за објавен факт кој бил личен.

Уште од самиот почеток оваа влада ја тресат огромни скандали. Заев соопшти класифицирани информации за истрага за корупција против двајца функционери во Владата, за половина година потоа да нема никаква информација за тоа.

Политички конструираните предмети станаа заштитен знак на СЈО. Нивните сведоци потврдуваа дека не држат обвиненијата, а судот упорно ја игнорира правдата и удоволува на желбите на обвинителите без да обрне внимание на еднаквоста на странките.

Не се почитуваат одлуките на Врховниот суд на Република Македонија, кој воедно е и највисок. Неговите одлуки се менуваат од понискиот суд по хиерархија. Основниот суд ја занемари одлуката на Врховен и донесе спротивна, занемарувајќи ги аргументите на Врховниот кој оцени дека доволна мерка за обезбедување е куќниот притвор.

Со ова се покажува нефункционалноста на судскиот систем и јасно се гледа дека судовите се управувани од еден центар на моќ со која раководи Зоран Заев.

Судот мора да си го врати своето достоинство кое што му го даваат Уставот и законите и да започне да ги применува истите. Жална е состојбата во која се наоѓаат судовите во Република Македонија.

Во Македонија мора да се почитуваат човековите права, политичкиот прогон мора да запре. Обвинителството е должно да ги почитува законите и да си ја врши својата основна дејност, гонење на криминалот, а не да служи како алатка за политичката пресметка на власта. Мора да се отфрлат овие неосновани обвиненија за тероризам и да бидат ослободени од притвор луѓето кои немаат никаква вина“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ