ВМРО-ДПМНЕ: Никогаш не било полошо во Македонија отколку сега со Ковачевски, неговите две години мандат се изгубени за граѓаните

Од:

Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ. Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километри автопат не успеаа да завршат кон Блаце, а автопатот од Кичево кон Охрид заврши само со “Стани Благој да те види сала“. Целиот мандат на Ковачевски беше обична фасада и гол пи-ар без суштина, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа фасада не успеа да го покрие фијаското со правосудството кое се распаѓа со доверба од едвај 2%. Од сите страни кипе криминал и корупција, а на врвот на оваа пирамида се наоѓаат функционерите на ДУИ и СДС. Впрочем за сеприсутната корупција нотираше и последниот извештај на ЕК, кој е убедливо најлошиот кој го добила Македонија. Листата на скандали на оваа власт нема крај, “Канцер Мафија на Онкологија“, “Лoтарија+Груби“, стотици милиони евра за коридори кои немаат ни лопата асфалт ставено, протести на пензионери за прв пат во историјата, убедливо најлош раст на БДП во регионот, мафијашки пресметки среде град, недостаток на учебници за учениците, штрајкови на здравствените работници, вработените во судовите, во администрацијата, рекордна инфлација која е двојно поголема од европскиот просек и што ли уште не. Сето ова покажува дека во Македонија со Ковачевски никогаш не било полошо. Затоа важно е, СДС, ДУИ и Ковачевски да ги поразиме – наглсауваат во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме план и програма за почиста животна средина, почист воздух и поквалитетен живот за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Ѓорѓиевски: Скопје е град на слоеви – град на историја, уметност и визии