ВМРО-ДПМНЕ: Ние се финансираме легално, a СДСМ не

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ги почитува законските прописи за финансирање на политичка партија.Нашите извештаи се транспарентни и доставени до сите институции надлежни за финансирањето на политичките партии“, стои во реакцијата на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека „Транспарентност“ е продолжена рака на СДСМ и свесно го нарушува авторитетот и влијанието на невладините организации во Македонија. Од тамо соопштуваат дека нивното финансирање е легално за разлика од СДСМ, која своето финансирање ги правела спротивно на законите.

– „Транспарентност“ и овојпат излегува со информација која не е ништо друго освен политички памфлет, каде што оваа т.н. невладина организација не споменува ни збор за финансирањето на СДСМ, партија која за финансирање на овие избори повторно зеде кредит, исто како и пред 2 години, за што од Антикорупциска доби кривична пријава. Оваа партиска испостава во јавност настапува како прес центар на СДСМ, со извртени информации, со лаги и манипулации.

– Всушност, луѓето кои што ја сочинуваат, до пладне се претставуваат како невладини активисти, а попладне се партиски функционери на СДСМ. Заради ваквите квазиинсталации во невладиниот сектор, СДСМ свесно го нарушува авторитетот и влијанието на невладините организации во РМ.- стои во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ