ВМРО-ДПМНЕ: Невработеноста е на најниско ниво од осамостојувањето

Од:

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше целосно фокусирана на создавање на подобра иднина за граѓаните на Република Македонија. Најдобар доказ за тоа се новите работни места кои се отвараат. Според Заводот за статистика во Република Македонија вработени се 734.000 граѓани, односно има 20.000 повеќе граѓани кои се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000.

Во моментов невработеноста е на рекордно најниско ниво од осамостојувањето на државата и сега изнесува 22.9%.

Граѓаните на Република Македонија ја воочуваат разликата. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш беа реформите и мерките кои го подобруваат стандардот на граѓаните. Сосем спротивно, СДС уште од првиот ден започна со спроведување на антиреформи и креирање на црна пропаганда против раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се што имаше ветено, работеше деноноќно за да го оствари ветеното, со цел да го оправда гласот на народот. Бидејќи народот очекува исполнување на ветеното.

СДС започна со најави за уривање, блокирање и укинување, а граѓаните ја бараат ветената минимална плата од 16.000 денари и просечна плата од 30.000 денари, додека докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

Граѓаните од СДС ги очекуваат и новите 500 километри автопат кои им ги вети, но и економскиот раст од 5% годишно, како и повратот на 15% од ДДВ.

Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ. Без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од страна на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, СДС има обврска да не ги повтори грешките со изневерените очекувања како при ветувањето за по еден вработен од секое семејство.

Затоа време е СДС да започне да го реализира ветеното, а не да се однесува како опозиција.

СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле.

Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал