ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев и Филипче стана меѓународен здравствен проблем

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение ги обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче за лошо справување со епидемијата на коронавирусот. Еве го соопштението од партијата во целост:

„Неспособноста и неодговорноста на власта на Заев и Филипче не е само македонски проблем, туку и меѓународна здравствена опасност. оследниот скандал со патниците кои од Македонија пристигнале на аеродромот во Финска и од кои 24 биле заразени со корона вирус, ја дискредитира Македонија како држава. Ова покажува дека не само што сме европски Вухан, туку поради неодговорноста на властите ги доведуваме во опасност и другите држави во Европа.

Очигледно дека властите немаат никаква контрола врз епидемијата. Никој не знае ни кој влегува, ни кој транзитира, ни кој излегува од земјата и дали тој е носител на опасниот вирус. Македонија за жал во епидемијата е црн рекордер во регионот по смртност и заразеност на еден милион жители. Нема никаква одговорност ниту за последниот
скандал со заразените патници кои пристигнаа во Финска исто како што нема никаква одговорност ниту за кластерот во Геријатрија Скопје, кластер меѓу најранливата категорија на граѓани.

Заев и СДСМ не ги интересира здравјето на граѓаните и угледот на државата. Нив ги интересира само фотелјата и бизнисите да си врват. СДСМ, Заев, Филипче не направи ништо за здравјето на граѓаните во текот на шесте месеци откога е започната епидемијата со корона вирусот. Победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна и постои само во главите на Заев и Филипче,“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Кој ќе ја плати струјата за дата-центрите – ќе има ли ново поскапување и дополнителен увоз?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче објави документ: Компанија тврди дека има 100 MW струја и пристап до Вардар за дата-центар