ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Заев е подеднакво опасна како корона вирусот и се плаќа со човечки животи

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение ги обвини Зоран Заев и СДСМ дека не можат да се справат со здравствената криза предизвикана од коронавирусот, како ни со последиците од неа.

Еве го целото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со КОВИД19 и последиците кои произлегоа од оваа криза. Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата.

Бројката на заболени е повеќе од  11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што е ова што се случува сега, ниту пак што следи на есен. тешко се снаоѓаат и со кластерите.

Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат ниту како да се справат со последиците од корона кризата. За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план ниту за образованиот процес. Децата и родителите не знаат дали ќе стартува учебната година со физичко присуство и доколку е така како ќе се одвива наставата или пак образовниот процес ќе се одвива онлајн.

Заев и Владата предводена од СДСМ знаат само едно – како да се нанесе
штета на граѓаните и државата. Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување.

Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата. Потребни се јасни и стабилни чекори за да се стабилизира ситуацијата. Потребни се политичари кои ќе знаат како да го справат со тоа, а не политичари кои го лажат и крадат својот народ.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми