ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на владата на антимакедонската СДС и ДУИ го клекна на колена енергетскиот систем

Од:

Неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнаа на колена енергетскиот систем во Македонија.Тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акомулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За 50% се зголемени сметките за електрична енергија за домаќинствата, додека и за над 400% сметките за струја на компаниите. Коморите и бизнис секторот секојдневно упатуваат апели до владата за помош за справување со енергетската криза, но од владата молк. Над 5500 правни субјекти ги затворија своите бизниси поради неспособноста на криминалната власт.

Додека владата се богати, народот се повеќе осиромашува. Граѓаните не знаат како ќе ја пребродат оваа зима, токму заради високите сметки за струја, а владата најавува дека и од јануари граѓаните треба да очекуваат ново поскапување на струјата.

ВМРО-ДПМНЕ предложи план за ублажување на енергетската криза, но од владата категорично го отфрлија заради нивни хир, со оправдување дека имаат начин за справување со оваа криза.

На граѓаните им е јасно дека оваа влада е неспособна и нема план за излез од кризата. Антимакедонската СДС единствено гледа само како да наместат некој тендер, и како повеќе да украдат на грбот на граѓаните.

За многу скоро ова неодговорно работење ќе заврши. Граѓаните на следните предвремени избори ќе го казнат ова неодговорно работење на антимакедонската СДС и ДУИ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ