ВМРО-ДПМНЕ: Нема влез во НАТО и ЕУ се додека има политички затвореници во Македонија

Од:

„Повеќе од три месеци десетина македонски патриоти лежат без никаков основ по затворите.

Пратеници, режисери, доктори и истакнати граѓани се соочуваат со апсурдни обвиненија за тероризам. Ова е класичен монтиран прогон без почитување на елементарните човекови права.
Судот треба под итно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски.

Овој монтиран процес ќе остане запамтен во историјата на Македонија како срам и показател како не треба да функционира правосудството.

Правосудните органи да почнат да делуваат според законот и Уставот на Република Македонија, а не според стравот и наредбите од власта на СДСМ.

Никаде во Европа па и во познатиот демократски свет нема толку многу луѓе, интелектуалци кои целиот свој живот придонеле за афирмација и промоција на Македонија да бидат обвинети за теророризам и да се држат во притвори.

Со секој изминат ден се потврдува дека ова дело е чиста фикција а нивниот притвор е политички воден од еден центар на моќ.

Правосудството мора да ја врати Македонија на вистинскиот пат. Нема влез во НАТО и ЕУ се додека има политички затвореници во затворите низ Македонија.

Власта мора да запре со законските и институционални злоупотреби во интерес на функционалноста на државата и довербата на граѓаните во неа.

СДСМ и Зоран Заев мора да сфатат дека во Македонија секогаш ќе има луѓе кои ќе се спротистват на деструктивните политики што ги води оваа анти-демократска влада.

Реваншизмот и одмаздатата на луѓето кои се против политиките на СДСМ мора да запре“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ