ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

Од:

Времето „како до сега“ заврши. И тоа не е само изрека, тоа веќе се покажува на дело со конкретни дела. Почитувањето на законите и процедурите, не е исклучок, тоа е правило кое секој треба да го почитува, а оној кој работи спротивно на закон се соочува со одговорноста и со правдата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила, блиски до некоја политичка партија. Нема ни предмети во фиока и заташкувања на случаи, одговорноста сега има име и презиме и работењето спротивно на закон, процедури и принципи се казнува. Еден од таквите примери е, сега веќе бившиот, началник од Демир Хисар кој експресно беше разрешен од позицијата по неговото недолично однесување кон друго лице, при извршувањето на работните активности.

Освен што го разреши, Министерството за внатрешни работи го осуди непрофесионалното и неетичко постапување и против него покрена и дисциплинска постапка. Ова е јасен доказ нека не сме сите исти, дека нашиот пристап е чесен, без отстапки и дека времето како до сега заврши. Треба да потсетиме дека ваков пристап на неселективност и санкционирање на самоволието и кршењето на законот, во времето Заев, Спасовски и Ахмети, немаше. Во нивно време се процесуираа и апсеа само политички неистомисленици, додека криминалците, силеџиите и локалните шерифи од нивните редови имаа целосна заштита.

Службите на Заев и Спасовски покажуваа сила и мускули, единствено кон политичари од спротивниот табор на СДС и ДУИ, така што ги апсеа во раните утрински часови пред очите на нивните малолетните деца, се влегуваше по домови без судска дозвола и се вршеше политички терор врз семејствата на притворените. Класичниот прогон и терор кој СДС го применуваше врз неистомислениците може да се види од примерот на Гордана Јанкуловска каде мајка одвоија од бебе доенче, а во мерцедесот, за кој ја осудија, Заев се возеше и чекаше делегации. Секогаш кога сакаше да ја дефокусира јавноста и да избега од вистинските проблеми, режимот на СДС го апсеше Миле Јанакиевски и тоа десетици пати, на кого во рани утрински часови, пред очите на малолетните децата му упаѓаше дома. Од покажувањето мускули кон лица од спротивен политички табор не беше поштеден ниту Спиро Ристовски, кој беше тепан во затвор и врз кого се изживуваа и останатите затвореници. Тоа беа времињата на омраза, политички прогон и злоупотреба на институциите под палката на Заев, Спасовски, Ахмети кон секој кој не беше СДС или ДУИ. А, тоа време заврши затоа што сега, согласно закон и процедура секој кој ќе се огреши, без разлика на позицијата која ја извршува, ќе одговара, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски