ВМРО-ДПМНЕ: Нема оправдува за влада која 9 месеци не може да пушти во употреба завршен автопат

Од:

„Неспособноста на СДСМ е евидентна, нема оправдување за влада која повеќе од 9 месеци не може да пушти во употреба завршен автопат. СДСМ им прави штета на граѓаните, само поради својот каприц и инает. Само бидејќи автопатот Демир Капија – Смоквица е започнат и изграден во времето на ВМРО-ДПМНЕ владата на СДСМ не сака да го пушти во употреба.

Ниту една „остра“ реакција на министерството за транспорт и врски не може да го побие фактот дека два пати се пробива рокот за пуштање на автопатот Демир Капија – Смоквица во употреба. Доколку СДСМ не може да пушти во употреба завршен автопат, можеме да замислиме кога ќе ги изградат ветените 600 километри автопат. Најверојатно никогаш нема да го оствари ова предизборно ветување и ќе биде уште една лага кон македонските граѓани.

Резултатите од неработењето на СДСМ се очигледни, градежната индустрија е во слободен пад и за неполни година дена влада на СДСМ има пад од 20 проценти. Министерството за транспорт и врски наместо двигател на капиталните инвестиции стана само уште една компонента во ПР машинеријата на СДСМ. Економијата е во очајна состојба, а голем дел од вината е токму во ова ресорно министерство кое ја запре реализацијата на голем број капитални проекти кои ќе ја ревитализираа македонската економија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ