ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го злоупотребиме протестот за тесно-партиски цели

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ се приклучи на граѓанскиот протест пред Собрание против насилните уставни измени и самиот протест е реакција на насилната акција на власта за носење на уставните измени, и самиот собир ВМРО-ДПМНЕ нема да го злоупотреби во тесно партиски цели.

И покрај уфрлените елементи кои сакаат да го дефокусираат самиот протест граѓаните покажаа достоинство и не подлегнаа на поединечните провокации. Тоа преставува изолиран и очаен обид на власта да го пренасочи вниманието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес јасно го изрази својот и ставот на партијата дека ВМРО нема да поддржи уставни измени и нема да даде легитимитет на нешто што нема легитимитет од народот. Во текот на утрешниот ден Мицкоски во својство на еден од многте граѓани ќе се обрати пред Собранието на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати