ВМРО-ДПМНЕ: Неказнивоста за упадот во М-НАВ е доказ дека правосудството е заробено и партизирано од СДС и ДУИ

Од:

СДС и ДУИ го девастираа системот во Македонија, институциите партизирани и заробени, криминалот, корупцијата и бандите царуваат со државата. Последен доказ за тоа е неказнивоста за упадот во М-НАВ иако тоа претставува скандал од меѓународни размери. Само со СДС и ДУИ упад во објект од критична инфраструктура се заташкува и се сведува на помалку од ситна кражба во продавница, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Партизираните судство и обвинителство, како и МВР на Спасовски повторно докажаа дека се во служба пред се на ДУИ, каде СДС е само нем послушник. Доколку ваков скандал, односно ваков бандитски упад се случеше на аеродром од западниот свет каде Македонија се стреми, како Вашингтон, Париз или Брисел истиот ќе беше третиран како терористички чин, за што потврдуваат и деновиве бројни експерти од воздухопловството. Сепак за партиското судство на СДС и ДУИ нема доволно докази ниту да се определи притвор за насилниците предводени од функционер на ДУИ, иако во моментот на нападот имало десетици прелети и авион кој кружи.

Нејасно е што требало да се случи за овој случај судот да го сфати сериозно, дали требаше да се случи некоја несреќа за да се свестат за каков голем скандал се работи? Законот е јасен станува збор за кривично дело „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ за кое според кривичниот законик, превидена е казна затвор од пет до десет години. Ова само покажува дека правосудните органи се заработени, партизирани и работат исклучиво по наредба на ДУИ и СДС. Затоа е важно да се случат промените и да се ослободат институциите, а ваквите насилници да се соочат со правдата. Во Македонија никогаш не се живеело полошо. Важно е да ги поразиме – се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ