ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека човек од обезбедувањето на Груевски давал наредби на 27 април

Од:

„ВМРО ДПМНЕ ги демантира информациите лиферувани во одредени медиуми блиски до власта дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април. Тоа е комплетно неточно. Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста.

Скандалозно е што во јавноста протече цел обвинителен акт, при што на одговорност треба да се повика Претседателот на Судот Иван Џолев.

На СДСМ сега му треба одвлекување на вниманието од криминалите на Зоран Заев и тоа се испорачува преку оркестиран напад против ВМРО-ДПМНЕ.

Случувањата од 27 април се реакција на нелегитмната и нелегалната акција која ја спроведе СДСМ, Зоран Заев и Талат Џафери“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски