ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме и не преговараме за некаква амнестија

Од:

„Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа.

Треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја одалечуваат државата од било каков успешен исход од разговорите кои се започнати.

ВМРО-ДПМНЕ единствено за што се залага е подобрување на законските решенија и применување на европските пракси, како и обезбедување на механизми за заштита на изразената волја на граѓаните.

СДСМ треба да престане да ја дезинформира јавноста и да дефокусира од заложништвото во кое ја втурна прифаќајќи го штетниот договор со Грција.

И во однос на некои надежи и пишувања дека се договарало некаква возратна амнестија во стилот СДСМ сега, па потоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе овозможи друга амнестија, би порачале дека најдобар демант за ова ќе биде времето кое ќе покаже дека одговорност ќе има за сите оние пречекорувања на Уставот и законите кои сега се случуваат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?