ВМРО-ДПМНЕ: Наумоски продолжува да ги копира проектите на Митровски

Од:

Александар Наумоски немајќи свои издржани проекти, продолжува да ги копира проектите од програмата на Сокол Митревски, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешната прес-конференција на Наумоски на која вети дека ќе направи фонд за финансирање на професионалниот спорт и спортска сала веднаш откако ќе ја преземеме општина Ѓорче Петров.

– Што друго му преостанува на Наумовски со оглед на тоа дека нема своја програма со која би се претставил пред граѓаните на општина Ѓорче Петров. Кога виде дека граѓаните го прочитаа, почна да ветува нереални работи бидејќи е свесен дека ќе ги изгуби изборите, а со тоа нема да има потреба од нивна реализација, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, се нагласува во рекацијата, знаат што се вистински и реални проекти и знаат да го препознаат оној што работи за нивно исполнување, а кој им нуди само празни зборови.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија