ВМРО-ДПМНЕ: Народот не виде ни „Р“ од долго најавуваните реформи на Заев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Јагода Шахпаска од СДСМ.

„Изградба на една помала градинка која би згрижила 50 дечиња чини околу 150.000 евра. За изминативе неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии истроши 334 милиони евра. Со парите со кои СДС ја задолжи државата можеше да се изгради над 2.500 градинки. За овој период СДС не изгради ниту една. Толку од грижата на СДС за најмалите.

Голема лага е дека од септември градинките ќе бидат подготвени да работат во две смени. Воведување на работа во две смени не може да се реализира без нови работни места и невозможно е таа да профункционира во градинките во Република Македонија. Згора на тоа ова не е предвидено во ребалансот за буџетот за 2017, кој е донесен токму владата предводена од СДС, што е уште еден показател дека СДС е на пат да направи хаос и во градинките низ државата.

Откако СДС стапи на власт ништо не сторија за граѓаните освен што креираа хаос и ја втурнаа државата во енормни долгови.

Народот не виде ни „Р“ од долго најавуваните реформи на Заев и неговата неспособна багра.

Додека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година до 2015 година правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице го зголеми за 32,7%.

Правото на додаток на слепило е воведено од 2012 година за потполно слепи лица, односно лица кај коишто постои оштетување на видот од 98% до 100%, со навршени 26 години. Месечниот износ на додатокот изнесуваше 7.000 денари.

Правото на додаток на мобилност е воведено од 2012 година за лица со 100% телесен инвалидитет кои самостојно користат инвалидска количка со навршени 26 години, лица со квадриплегија или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кои користат инвалидска количка со придружник. Поради создавање на услови за изедначување на нивните можности за вклучување во секојдневниот живот во заедницата на овие лица месечниот износ на додатокот изнесуваше 7.000 денари.

Социјалната парична помош во просек од 2006 година до 2015 година се зголеми за 61,8%. Во 2006 година социјалната парична помош во просек изнесуваше 2.900 денари, додека во 2015 година изнесува 4.692 денари.

Мила Царовска освен за згрижувањето на бегалците за друго не води сметка. Царовска не се грижи за децата од предучилишна возраст, за пензионерите, за социјално ранливите категории на граѓани.

Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите, СДС спроведува партизирање и брутална партиска хајка против секој што не размислува како нив.

Граѓаните го гледаат тоа и на 15-ти октомври ќе го казнат СДС за неодговорното и непрофесионално работење“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ