ВМРО-ДПМНЕ: Народот ги памети лажните ветувања на СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ во врска со изјавите на Никола Груевски

„СДС не може да се помири со фактот што токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се инвестираше во инфраструктурата како никогаш до сега. Се градат 3 автопати во исто време и уште стотици километри локални и регионални патишта.

СДС ниту во минатото ниту во иднина ќе имаат капацитет барем приближно да реализираат проекти и инвестиции во патната мрежа. Најдобар показател за нивната работа во ова поле е ветениот, а никогаш не реализиран пат од Велес до Прилеп. Вакви големи лаги СДС ветувал и во минатото, ветува и сега. Единствено народот по кои ги памети СДС се лажните ветувања од кои никогаш, па ни сега нема да има реализација и дела.

Со соопштението СДС потврдува дека е едно исто со СЈО и дека Катица Јанева е само слуга на Зоран Заев преку кој се манипулира јавноста и се креираат политички случаи. Правото и правдата се на страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев и Катица Јанева еден ден ќе се срамат и ќе сносат одговорност за злоупотребите. Криминалите на Зоран Заев не застаруваат“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ