ВМРО-ДПМНЕ: Народот е сведок дека СДС се обиде да прогласи нелегитимен Претседател на Собранието

Од:

„СДС смислено во подолг период се обидува да ја згази и уништи Република Македонија.

СДС подолг период ги гази и уништува законите и институциите на државата.

СДС свесно се обидува да протурка политика која нема добиено поддршка од граѓаните на Република Македонија на избори.

Сега целиот народ го виде предавничкото и антидржавно однесување на СДС само за да се обиде да си го постави Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија и да отвори пат за реализирање на Тиранската платформа и разнебитување на Република Македонија.

Народот виде на што се е спремно раководството на СДС само за да се добере до власта за да одбегне одговорност за криминалот што го има направено.

Народот беше сведок на незаконска и неделовничка претстава во која СДС се обиде да прогласат нелегитимен Претседател на Собранието на Република Македонија.

Сите кои учествуваат во овој срамен обид за државен удар освен што ќе бидат обележани во историјата како главни виновници за немилите настани во Собранието, ќе одговараат и за најтешки кривични дела кои не застаруваат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ