ВМРО-ДПМНЕ: Народниот суд ќе ја казни политиката на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„СДС и на Велика Сабота, ден пред најголемиот христијански празник Велигден, не пропушти да испрати соопштение со кое го лаже и манипулира сопствениот народ.

Оваа партија во континуитет со своето дејствување го навредува сопствениот народ, традиционалните вредности градени со векови и сопствената држава.

СДС е партијата која премолчено ја прифати Тиранската платформа со која се разнебитува државата.

СДС е партијата која активно работи на реализација на Тиранската платформа.

СДС е партијата која е подготвена по секоја цена да се добере до власт, па дури и да реализира насилно сценарио за погазување на волјата на граѓаните, јасно изразена на избори.

Оваа партија е заложник на своето криминогено раководство кое за да избегне соочување со правдата покажа дека е подготвено да гази на се, на својот народ, на националните и државните интереси, на темелите на државата.

Правдата за криминалите ќе ги стигне ликовите од раководтсвото на СДС.

Народниот суд на следните избори јасно и недвосмислено ќе ја казни антидржавната и деструктивна политика на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери