ВМРО-ДПМНЕ: Наместо животот кој го ветуваа, донесоа сиромаштија, партиско правосудство, политички прогон и заробени медиуми

Од:

„Владата на Зоран Заев и СДСМ ќе остане запаметена како најкорумпираната и најкриминалната влада во историјата на Македонија. Наместо на подобрување на животот на граѓаните Заев и СДСМ три години беа посветени на проширување на личните бизниси преку рекет, корупција и непотизам. Наместо животот кој го ветуваа, донесоа сиромаштија, партиско правосудство, политички прогон и заробени медиуми. Потврдата за криминалот, корупцијата на Заев и СДСМ како и заробените институции дадоа сите релевантни меѓународни институции. Стејт Департментот во извештајот за 2019 година нотира дека корупцијата, ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање се најголемите проблеми во државава. Во извештајот исто така стои и дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со тоа практично се потврдува целата вмешаност на Заев и неговите функционери во случајот Рекет, начинот на кој ги рекетираше бизнисмените во Македонија и зошто судот не покрена никаква истрага против него и покрај очигледните докази кои ги виде целата јавност. Потврда за корумпираноста на власта дојде и од Транспаренси Интернешенл кој според индексот за корупција ја рангираше Македонија на 106 место во друштво на Монголија и Брег на слонова коска, што докажа дека во земјава не владеат Устав и закони туку криминално рекетарскиот систем на Заев. Дека Македонија е држава на селективна правда и заробено правосудство потврди и реномираното списание „Економист“ кое ја оцени Македонија како хибриден режим. Поразително е и тоа што според „Економист“ Македонија е на 8 место во Светот по иселување на млади луѓе од државата. Меѓународните институции само ја потврдуваат реалноста во државава дека Македонија откако СДСМ се на власт, стана заробена држава во која владеат криминалот и корупцијата на транзициските политичари Заев и Шекеринска. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски