ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот, Заев донесе чемер и јад

Од:

СДСМ во континуитет го понижува и потценува македонскиот народ. Наместо живот, Зоран Заев донесе чемер и јад. Граѓаните се чувствуваат несигурно и понижено. Тие се разочарани и осиромашени. Победи нема, а поразите на секое поле се секојдневие, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека судството станало партиска испостава на СДСМ, а реваншизмот и прогонот на политичките неистомисленици на Заев, негова основна цел.

„Заев однапред ги најавува пресудите по обвиненијата креирани од него.

Македонската економија е пред колапс, а резултатите од неработењето на Владата се евидентни. СДСМ изработи една голема нула во економијата. Толкав е растот за 2017 година, а подеднакво очајни се и 0,1 процент за првиот квартал од 2018 година. Трагедијата е поголема бидејќи ова се случува во време кога економијата во регионот и во Европа расне со забележително темпо заради поволната бизнис клима. Кај нас градежништвото е во слободен пад, а со себе повлекува надоле и огромен број други стопански гранки.

Цените на основните продукти потребни за живот се во пораст, додека платите и пензиите стагнираат. Граѓаните осиромашуваат.

На меѓународен план Македонија е понижена со низа на капитулантски договори, со кои Заев се откажа од се што е македонско. Заев иако ветуваше и се колнеше во своите идни и минати поколенија дека ќе го заштити името, идентитетот и јазикот, го потпиша капитуланскиот договор со Грција. Заев се откажа од името, идентитетот, историјата, јазикот и македонското малцинство во соседството.

На оваа ненародна власт мора да и се каже доста е. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица.

Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?