ВМРО-ДПМНЕ: Наместо сплеткарења, Јовановски да понуди идеи и квалитетни предлози

Од:

СДСМ делува дезориентирано после одличните мерки на Владата, кои наидуваат на одобрување како од бизнис заедницата, синдикатите, експертите, така и од самите граѓани.

Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски кој кажа дека излагањето на премиерот е задоцнето, неискрено и контрадикторно.

„СДСМ не е научена на државава да и се случуваат добри работи. До тоа дереџе стигнаа, само поради суетата на Бранко Црвенковски, да немаат храброст да поздрават ниту една мерка.

Кога веќе не ги поздравуваат мерките кои сите други ги прифатија, би било добро да објаснат со кој дел не се согласуваат, дали тоа е делот на она што значи враќање на ДДВ-то кон работодавачите или покачувањето на пензиите, платите, социјалните трансфери, изградбата на нови автопатишта“, пишуваат од партијата на власт.

Според ВМРО-ДПМНЕ, малициозноста на СДСМ се забележува од километар.

„Тие се подготвени на се, па дури и постојано да одат спротивно на интересите на државата и граѓаните, само да ги оспорат проектите кои пред се, се од интерес на граѓаните. Така не се добива довербата од граѓаните. СДСМ и Зоран Јовановски барем половина од времето кое сега го трошат на сплеткарања и голо критизерство, треба да започнат го трошат на нудење на квалитетни идеи и предлози“, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ