А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо отпочнување на нови, СДСМ ја одложува реализацијата на проектите на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он06/02/2018 - 18:30136
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Добивај вести на вибер

„Горан Сугарески денес во Куманово ги продолжи проектите на ВМРО-ДПМНЕ, презентирајќи ги како свои. Сугарески 8 месеци не отпочна ниту еден нов инфраструктурен проект, туку ја запре реализацијата и на тековните проекти почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Средствата за патните правци Ранковце – Крива Паланка, изградбата на трета лента од Крива Паланка до Деве Баир, реконструкцијата на регионалните патишта од Куманово до Свети Николе, од Куманово до Опае и Никуштак и останати помали патни правци, кои ги презентираше Сугарески се обезбедени од ВМРО-ДПМНЕ. Средствата за водоводот се истот така обезбедени од владата на ВМРО-ДПМНЕ, а таквите средства беа искористени од повеќето градоначалници во минатото. Додека општина Куманово не достави проекти за да ги искористи истите, иако повеќе пати.

Секој еден инфраструктурен проект кој е или ќе биде започнат е за доброто на граѓаните, но до сега од владата и министерот Сугаревски слушаме само празни ветувања и изјави, но не и работа, заложба и резултати на терен. Наместо отпочнување на нови СДСМ ја одложува реализацијата на проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе месеци заради банални изговори се кочи пуштањето во употреба на автопатот Демир-Капија – Смоквица. Без основа повеќе месеци беше запрена изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Ветуваа живот. Донесоа застој. Државата е закочена и не се реализира ниту еден нов проект“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен