ВМРО-ДПМНЕ: Најдобрата честитка за граѓаните ќе беше Филипче да си поднесе оставка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Најубавата честитка за граѓаните за 2019 која можеше Венко Филипче да ја даде денес беше да си поднесе оставка заради својата неспособност, уништување на здравствениот систем и криминогените тендери и јавни набавки кои се случуваа изминатата година во неговиот ресор.

И денешната нова најава за набавки од Министерството за здравство потенцијално е нов матен тендер во најава.

Филипче наместо да гради јавно здравство тој приватизира, наместо поголема достапност на лекови во аптеките граѓаните се соочуваат со недостаток, нема нов клинички центар, нема реновирање на болници, нема набавка на медицински апарати. Луѓе умираа чекајќи да бидат лекувани, затоа што парите се трошеа на лубриканти наместо за здравјето на граѓаните.

Единствено што јавноста ќе го памети во 2018 година од Венко Филипче е обидот да додели тендер од 35 милиони евра на фантомска фирма отворена неколку дена пред распишувањето на тендерската постапка за набавка на реагенси во лабораториите.

За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?