А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најави реализација на инфраструктурни и комунални проекти

by А1он12/03/2013 - 15:53135
Share0

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција во седиштето на партијата информира дека во програмите на кандидатите од коалицијата „За подобра Македонија“ е предвидена реализација на голем број проекти од инфраструктурно и комунално значење.

Добивај вести на вибер

– Со новите проекти ќе се продолжи циклусот инвестиции во нови водоснабдителни и канализациски мрежи. Со тоа во уште поголем број населени места ќе се обезбедат подобри услови за живот кој прилега на секоја современа и модерна општина. Веруваме дека она што кандидатите за градоначалници го ветуваат тоа и ќе го остварат. Цврсто стоиме зад нивните програми и ќе дадеме максимална поддршка за нивна реализација, рече Миле Јанакиески од ВМРО-ДПМНЕ.

Најави наскоро започнување на проекти за водоснабдување и одведување на отпадните води, како и реализација на проекти во делот на комуналната сфера во повеќе општини во државата.

– Успешната реализација на програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ќе значат напредок и развој, а пред се поубави и поурбани населби. Тоа е нашата визија која ја нудиме. Довербата на граѓаните ќе значи обврска сето она што сме го ветиле и да го исполниме. Реализацијата на сите предвидени проекти значително ќе ги подобри квалитетот, ефикасноста, достапноста и сигурноста во овозможувањето на комунални услуги за граѓаните на сите општини, а со тоа се дава позитивен импулс за натамошен развој на населеното места во Република Македонија, рече Јанакиески.

Потсети дека изминатите години се завршени голем број проекти кои се резултат на потребите и барањата на граѓаните и се од суштинско инфраструктурно и комунално значење. Притоа, ги посочи реконструкцијата на водоводните мрежи во повеќе општини и изградбата и ревитализацијата на канализациски системи со средства во висина од 50 милиони евра.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Горан Наумовски07/02/2026 - 09:22

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ06/02/2026 - 19:4106/02/2026 - 19:51

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:29

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

Горан Наумовски29/01/2026 - 17:13

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:2526/01/2026 - 11:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен