ВМРО-ДПМНЕ најави блокирање на крстосници низ Скопје и протест пред Министерството за правда

Од:

„На удар е слобдномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние кои се грижат и на кој Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам.

Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период.

Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари.

Токму затоа ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, симпатизери, поддржувачи да излезат и да изразат поддршка кон патриотите, и револт кон политичкиот прогон на власта.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата кај Порта Влае;
– Крстосницата помеѓу Бул. Јане Сандански и Бул. Србија во населбата Ново Лисиче;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9), Скопје денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ