ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најави амандмани за Законот за јазици од неуставен да стане уставен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани за измени на Законот за јазици, согласно забелешките на Венецијанската комисија. Лидерот Христијан Мицкоски побара предлозите да бидат прифатени од власта и албанските партии.

“ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман за Законот за јазиците, заедно со забелешките од Венецијанската комисија, за еден неуставен закон да стане уставен. Очекуваме поддршка од Заев. Нека ги прифати амандманите за законот да биде применлив, уставен и недискриминирачки кон другите заедници”, смета Мицкоски.

Забелешките на Венецијанската комисија мора да се почитуваат доколку како држава се залагаме да сме дел од ЕУ, додава Мицкоски, потенцирајќи дека содржината на амандманите ќе биде објавена веднаш штом бидат поднесени.

“Доколку сакаме владеење на правото, а не да правиме компромиси со уставот за сметка на политиканството, тогаш сите политички партии треба да ги поддржат амандманите кои ќе ги поднесеме. Ако сакаме да бидеме дел од ЕУ, тогаш треба сега да го покажеме тоа”, додаде Мицкоски.

Целта на амандманите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поднесе е и законот да стане уставен, кажа нивниот лидер.

„Не можеме да бидеме со двојни стандарди пред граѓаните. Ајде да направиме и да ги поддржиме овие амандмани. Да го направиме овој закон согласно Уставот и забелешките од Венецијанската комисија”, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус