ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните веднаш да реагираат за случајот со сокриените станови на Филипче

Од:

Претседателот на СДС, Венко Филипче по објавување на информациите дека како министер за здравство во анкетниот лист сокрил станови се уште молчи. Филипче молчи 48 часа по објавување на фактите. Филипче пет стана не пријавил како министер, а сега како пратеник ги пријавува, иако ги имал кога станал и министер, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филпче, односно неговите анкетни листа од 2018 година и 2024 година, кажуваат едноставна работа. Имотот кој го поседува сега е стекнат пред 2018, но тоа не го пријавил кога станал министер. Дополнително, имотот кој го пријавил во 2018 година не го пријавил сега, а нема ниту информации за приходи од продажба.

Поточно, недвижниот имот на Филипче пријавен во 2018, а сега го нема е над 600.000 евра. Недвижниот имот пријавен во 2024 година, а стекнат пред 2018 година тежи над 700.000 евра. Ако се собере целиот имот на Филипче чини околу 1.3 милиони евра. Ова отвора многу дилеми и прашања.

Зошто Филипче не пријавувал имот кој го поседувал како министер, зошто истиот го пријавува како пратеник, што се крие Филипче? Надежните институции не смеат да молчат. Филипче беше министер, сега е претседател на СДС. Антикорупциската комисија и јавното обвинителство треба час поскоро да реагираат и да ги испитаат информациите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ