Над 60 проценти од Македонците ќе излезат на Референдум, а огромно мнозинство од истите ќе гласаат за поништување на Договорот со Бугарија, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата преку соопштение наведуваат дека народот бара Референдум, бидејќи тој е највисок облик на демократија и можност за корекција на власта.
„Антимакедонската СДС да собере храброст и да прифати Референдум. А со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори.Ако власта верува дека тоа што гo прави е правилно и дека Договорот наидува на поддршка кај народот, тогаш зошто тактизира и не прифаќа соочување со народот?
Антимакедонската СДС знае дека народ не ги поддржува нивните деструктивни политики и дека на изборите и на Референдумот ќе доживеат тежок дебакл. Но тоа не ги оправдува, државниот интерес нема цена и затоа да го стават народот пред своите лични цели и да поддржат Референдум, а со тоа да се охрабрат и на избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.