ВМРО-ДПМНЕ: Набавката на вагоните во корист на граѓаните и државата

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска даде поддршка на дополнувањата на предлог законските решенија со кои ќе се овозможи набавката на патнички и товарни вагони.

Пратеникот Сашо Аќимоски на прес-конференција рече дека ги поддржуваат предлог законите за гаранција на Република Македонија преку кој ќе се изврши набавка на четири дизел-моторни триделни патнички гарнитури и две електро-моторни триделни патнички гарнитури, како и рехабилитација на осум електро локомотиви и набавка на 150 товарни вагони.

– Првиот дел од набавката на патничките гарнитури се планирани да пристигнат во април оваа година, а со останатиот дел кои ќе пристигнат ќе се реализира возобновување на возниот парк за 60 проценти. Реализацијата на овој капитален проект ќе овозможи значителен напредок и зголемување на конкурентноста и профитабилноста на Македонските железници за што подобро позиционирање и опстанок на ова претпријатие на домашниот и меѓународниот пазар, оцени Аќимоски.

Според него, со набавката на новите патнички гарнитури ќе се подобри и квалитетот и безбедноста на овој тип на превоз, а со новите 150 товарни вагони ќе се создаат поволни услови и насочување на македонската економија кон меѓународниот глобален пазар, поттикнување на нови инвестици и зголемување на трговската размена со други земји.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски