ВМРО-ДПМНЕ: На Заев не му е грижа за името на државата

Од:

Зоран Заев мора да си замине од премиерската функција. Зоран Заев веќе нема никаков кредибилитет да ја претставува Република Македонија кога не почитува ништо македонско, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

Во нивното соопштение стои дека ставот на Заев е дека на никој не му гајле како е биде новото име на државата.

„Како и секогаш, Заев своите вистински ставови ги кажува во странство, додека дома продава празни флоскули за добробит од капитулацијата.

– Кому му е гајле потоа, дали некој ќе не викаат Северна Македонија или Јужна Македонија, официјално ние ќе бидеме Северна Македонија. Се што ќе биде државно ќе биде ословувано со новото име. И тоа е дел од договорот и ќе го исполниме, заклучува Заев за британскиот јавен сервис.

На Заев не му е грижа ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонската историја, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската државност изразена преку Уставот на Република Македонија. Тој е повеќе загрижен за грчките интереси и тоа редовно го признава пред сите странски медиуми“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Заев на Би-Би-Си признал оти прифатил се поврзано со грчките барања.

„Заев вели ‘Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно’. Заев ги прифати грчките црвени линии, но македонските црвени линии ги изгази и со тоа жртвуваше се што до сега значеше македонска гордост. Точно е дека преку 75% проценти од граѓаните на Македонија се за ЕУ и НАТО интеграции, но целиот македонскиот народ е против бришењето на името Република Македонија, против промени во Уставот и против било какви додавки во јазикот или националноста. Идентитетски одредници кои и досега беа чисти. Ставањето на знак еднаквост меѓу двете прашања е уште една манипулација на Заев со која што се обидува да ги прикрие неспособноста и криминалното богатење на картелот на власт“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?