ВМРО-ДПМНЕ: На студентите во студентските домови им се сервира храна полна со бубачки

Од:

Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека студентите во студентските домови во Скопје, не живеат, туку преживуваат и оти нормална храна им се сервира храна полна со бубачки и отпушоци.

– Студентите во Стив вчера наместо ориз со месо, за ручек имаа ориз со бубачки. Ова слика објавена во медиумите од која се гледа дека наместо јадење на студентите им се сервираат бубачки е згрозувачка. Пред само еден месец студентите во таблата со лебот добија отпушок од цигара. Ова е недозволиво. Ова е нечовечки. Недозволиво и трагично е во студентски дом, каде студентите плаќаат за својот престој, да се соочуваат со крајно нехумани услови за живот. Студентите не плаќаат за да јадат бубачки и отпушоци. Студентите заслужуваат нормална храна. Студентите заслужуваат нормални услови за престој и студирање, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека родителите кога ги праќаат своите деца во студентски дом ги праќаат со мислата дека таму ќе бидат сместени и дека ќе добијат нормална исхрана.

– Зоран Заев, Рената Дескоска и Стефан Богоев ги лажеа студентите. Тие се сместија во нивните удобни функционерски фотелји и заборавија на студентите. СДСМ ветуваше подобар студентски стандард и подобри услови за сместување и живот на студентите. По 10 месеци владеење на СДСМ условите во студентските домови не само што не се подобрени, туку се влошени. Студентите се жртва на лагите на СДСМ. 10 месеци власта нема направено ништо за студентите. СДСМ нема капацитет да направи подобри услови за студентите. Лошата храна и услови мора да станат минато. Студентите заслужуваат подобро, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ