ВМРО-ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри

Од:

Во насока на обезбедување кредибилен процес, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да учествува во техничката влада. Во рамки на ставот кој што досега го имавме ќе предложиме технички минстри, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на партијата по седницата на ИК.

Потврди дека во преодната влада, Панче Тошковски ќе биде технички министер за внатрешни работи, а Ѓоко Велковски за труд и социјална политика, додека за дополнителен заменик– министер за финансиии е предложена Елена Петрова, за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски, а за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Ова се петте кадровски решенија со кои ВМРО-ДПМННЕ ќе го даде својот максимум за одржување на фер и демократски избори, што практично е и причината за формирање на техничката влада. Причината поради која ВМРО-ДПММНЕ одлучи да учествува во техничката влада е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација заглавена во криминал и корупција. СДС и ДУИ, Ковачевски и Ахмети, за многу бргу од денес ќе бидат политичко минато. Важно е да ги поразиме, за да имаме иднина за Македонија, каква што посакуваме, рече Муцунски.

На новинарско прашање како ќе гласаат, го повтори партискиот став дека нема да гласаат за техничка влада предложена од лице од ДУИ.

-Ние ќе ги дадеме нашите предлози, но поддршка од нашите пратеници за таа влада нема да ја има, наведе Муцунски.

Предлозите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министри и дополнителни заменици министри во техничката влада претходно вечерва ги соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски, во телевизиско гостување.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Светскиот економски форум го избра министерот Тимчо Муцунски за млад глобален лидер за 2025 година

Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос

Муцунски: Западен Балкан е суштински дел од иднината на Европа

А1он

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он