ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ сега и ДИК им е виновна за катастрофалниот пораз

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на СДСМ која до Управниот суд поднесе повеќе од 100 тужби, истакнува дека опозициската партија виновникот за поразот на изборите сега го бара и во ДИК, а не во себе.

– Сега  на  СДСМ и ДИК им е виновна за катастрофалниот пораз. Се додека вината и причините за поразот не почнат да ја гледаат во себе, ќе останат заглавени во темнината, која Бранко Црвенковски им ја креира и во која самите се веќе предолго заробеници. Сите се криви само Бранко Црвенковски и раководството на СДСМ не се криви за нивниот пораз. Очигледно СДСМ е во очај, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија